Трговската размена помеѓу Русија и Индија која минатата година порасна за 17 отсто и достигна 11 милијарди долари, има потенцијал за понатамошен раст, изјави рускиот претседател Владимир Путин на економскиот форум во Владивосток.

Путин разговараше со индискиот премиер Нарендра Моди, кој ја промовира трговијата на рускиот Далечен исток.

Според рускиот претседател, важно е да се користат национални валути во меѓусебните трансакции.

Сметаме дека воведувањето на праксата на користење на националните валути во нашите држави е клучна компонента за работа со нашите индиски партнери, како и обезбедување беспрекорни меѓубанкарски трансакции, рече Путин.

Русија е еден од најважните индиски партнери во нуклеарната енергија и подготвена е и понатаму да ја развива соработката, со планирана изградба на најмалку 12 нуклеарни електрани во следните 20 години.

Премиерот Моди рече дека Индија е заинтересирана да се придружи на руските енергетки проекти на Артикот.

Индија е подготвена да игра важна улога во Арктичкиот совет, додаде Моди.

Двете земји исто така ќе ја разгледаат можноста за испорака на нафта по рурата низ Северното море. Путин и Моди изјавија дека очекуваат дека трговскиот промет помеѓу Русија и Индија до 2025 година да достигне 30 милијарди евра.