Најголемите воени вежби во современата историја на Русија, „Исток 2018“, почнаа денеска на далечниот исток, соопшти Министерството за одбрана на оваа земја.

„Исток 2018“ ќе се одржува до 17. септември под команда на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгун на Далечниот исток и во водите на Тихиот океан, пренеува агенцијата Фена.

Воената вежба ќе биде најголема во последните 37 години, во неа ќе учествуваат безмалку 300.000 војници, повеќе од 1.000 авиони, хеликоптери и беспилотни летала, 36.000 оклопни возила и 80 бродови.

Во дел од маневрите учество ќе земат и единици на Кина и Монголија.


Главната цел на маневарот е проверка на подготвеноста на органите на воената управа и планирање и прегрупирање на воените единици на далечни локации, организирање на соработка помеѓу копнените и поморски трупи, пренесуваат руските медиуми.

Воената вежба „Исток 2018“ ќе биде одржана далеку од границите на НАТО земјите и на ниеден начин нема да влијаат на нивната безбеднот, изјави неодамна портпаролката на Минитертвото за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Како што рече, сите тврдења дека Руија се поготвува за вооружен конфликт се неосновани.