Со држач за инфузија еден пациент убил четири други во болница во градот Бужау, во романската општина Сапока. Тој ова го направил само три дена откако доброволно се пријавил да се лекува во психијатриската болница.
До крвавиот напад дошло утринава околу три часот после полноќ, во два оддела во болницата. Пациентот, триесет и осум годишен, прво го нападнал својот цимер со држач за инфузија, а потоа влегол во женското одделение, каде со истиот држач почнал да ги удира пациентките, известува романска Антена3.
Усмртил четворица, додека деветмина ранил, од кои двајца паднале во кома. Сите жртви имаат преку 60 години и боледуваат од различни психички проблеми. Напаѓачот, кој во оваа болница наводно се пријавил по сопствена волја, полицијата го привела.
Comments are closed for this post.