Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денес ќе биде примен во Белата куќа од претседателот на САД, Доналд Трамп. Посетата на Орбан на Вашингтон веќе крена политички ветер во Брисел и во демократските кругови во Вашингтон, но аналитичарите забележуваат дека „Орбан и Трамп имаат што да си кажат и да ја утврдат рамката за соработка“.
Двајцата лидери е предвидено да разговараат за трговијата, енергијата, најверојатно и за продажбата на оружје, а нивните критичари се задржуваат на нивната реторика. И двајцата се против миграцијата.
Аналитичарите забележуваат дека политиките на Трамп и на Орбан честопати оделе спротивно на позициите на ЕУ, а сега се очекува унгарскиот премиер да добие „ветер во едрата“ пред европските избори, но пораката ќе биде испратена и до другите евроскептични и националистички партии или движења.
„Потпирајќи се на старите врски меѓу САД и Унгарија, претседателот и премиерот ќе ги подвлечат областите кои ќе значат продлабочување на соработката меѓу двете земји“, изјави Сара Сендерс, портпаролка на Белата куќа.
Comments are closed for this post.