Полицијата во Хамбург соопшти денеска дека запленила повеќе од еден тон кокаин и уапсила осум лица по повеќемесечна истрага.
Во акцијата се уапсени тројца Германци, еден Италијанец и еден полски државјанин. Подоцна се уапсени уште три лица, од кои за едниот постои сомнение дека е припадник на бандата „Ангели на пеколот” и веруваат дека тој бил контактот со шверцерите.
Полицијата за време на акцијата заплени и 170 илјади евра.
Comments are closed for this post.