На маргините на Г-20 самитот во аргентиската престолнина Буенос Аирес, се сртенаа францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател, Владимир Путин.
Путин на парче хартија му нацртал на Макрон мапа на украинскиот брег за да му објасни зошто Русија ги заплени украинските воени бродови во водите кај Крим, соопшти кабинетот на францускиот претседател.
Според француските власти, Путин извадил хартија и пенкало и графички го прикажал украинскиот брег и спорните територијални води во кои минатиот викенд се случи инцидентот со украинските воени бродови.
Францускиот претседател, како што се тврди, сепак побарал документи кои ќе ги поткрепат руските тврдења и инсистирал на потребата за воздржаност во конфликтот.
Русија заплени три украински брода и неколку морнари, кој како што наведоа влегле во руските територијални води и тоа го сториле намерно, како провокација. Претходно поради инциденетот кај Керч откажан беше состанокот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.
САД како што изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, бараат враќање на морнарите и бродовите во Киев, па потоа состанок на двајцата лидери.
Comments are closed for this post.