Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека европските земји не сакаат да видат американски ракети на своја територија, но дека не смеат да му се спротивстават на Вашингтон.

Дали мислите дека која било од европските земји сака американските ракети со среден дострел да бидат распоредени во Европа? Никој не го сака тоа, но молчат. Каде е нивниот суверенитет, праша Путин.

Тој тврди дека „Европскиот парламент носи многу повеќе обврзувачки одлуки кои се однесуваат на сите земји-членки на ЕУ, отколку што Врховниот совет на (поранешен) СССР носеше своевремено во врска со републиките членки на Советскиот Сојуз“.

Целосно независни земји едноставно не постојат, рече Путин.