Најмалку двајца се убиени, а четворица се ранети при напад со огнено оружје на кампусот на Универзитетот Северна Каролина во Шарлот. Како што соопштија официјални полициски извори, напаѓачот бил 22-годишниот студент, Тристан Ендру Терел, кој пукал низ зградата на универзитетскиот кампус.


Според шефот на полицијата, Џеф Бејкер, веднаш по пукањето, реагирале тројца полицајци коишто успеале да го разоружаат и да го приведат напаѓачот.

Првично не се објавени информации за мотивите на нападот, освен тоа дека инцидентот се случил на последниот ден на кој се одржувале часови од академската година.