Во главниот град на Полска, Варшава се одржа протест на коj демонстрантите бараа зголемување на платите во јавниот сектор. Како што информираа од варшавската полиција, на протестот учествувале околу 26.000 луѓе.
Не можеме да живееме од плата до плата… нашите семејства гладуваат – изјави за време на протестот, Јан Гуз од синдикатот ОПЗЗ, кој брои околу 500.000 членови.
Полска од почетокот на минатата година бележи постојан раст на бруто домашниот производ во висина од четири до пет проценти во секој квартал на годишно ниво.
Сепак, економистите предупредуваат дека ќе расте притисокот за зголемување на платите, а исто така ќе се зголемува и недостигот од работна сила.
Comments are closed for this post.