Шпанската полиција се судри со демонстрантите во Мадрид и Барселона, кои протестираа поради апсењето на раперот Пабло Хасел кој е обвинет за навреда на монархијата и поддржување на тероризмот.
Полицијата во Мадрид употреби солзавец и гумени куршуми. Протестите на централниот плоштад во Мадрид почнале мирно, а демонстрантите скандирале „Нема повеќе полициско насилство“ и „Слобода за Пабло Хасел“.
Меѓутоа полицијата интервенирала откако неколкумина демонстранти почнале да фрлаат стаклени шишиња и камења. Демонстрантите одговориле со палење на контејнери и поставување барикади на улиците.
Пабло Хасел, кој е познат по своите радикални левичарски ставови, не се јави во петокот за отслужување на деветмесечна затворска казна, на која е осуден во 2018 година. Уапсен е на 16 февруари, откако претходно со своите приврзаници се забарикадирал на Универзитетот Лерида во Каталонија.
Полицијата упадна во универзитетската зграда и го уапси, а во Мадрид и Барселона се одржаа повеќе протести во знак на поддршка за музичарот.
Comments are closed for this post.