Демонстрациите одржани во центарот на Хонк Конг денеска завршија порано со спорадични судири помеѓу демонстрантите кои фрлаа цигли и молотови коктели на владината канцеларија и полицијата која пак возврати со солзавец и водени топови.
Полицијата во соопштението наведе дека дел од „насилните демонстранти“ го оштетиле имотот пред владините згради.
Just in: Hong Kong police use water cannons to disperse protesters on the fifth anniversary of the pro-democracy Umbrella Movement pic.twitter.com/nGzr86b3KG
— Bloomberg (@business) September 28, 2019
Денеска полицијата соопшти и дека од речиси 1600 уапсени луѓе на протестите во Хонк Конг во јуни, 29 отсто биле студенти и ученици.
Шефот на одделот на полицијата за односи со јавноста, Це Чун Чунг, рече дека само овој месец уапсени се 207 студенти и ученици во средните училишта и покрај тоа што учебната година е започната, а дека за време на јули и август уапсени се 257.
Comments are closed for this post.