Сопствениците на ресторани и други граѓани незадоволни од епидемиолошки мерки на италијанската Влада, поради кои не работат со недели, синоќа се судрија со полицијата за време на протестот пред Парламентот во Рим.

Локалните медиуми јавија дека е повреден еден полицаец.

Неколкуте стотици демонстрантите протестираа без заштитни маски и побараа од Владата да им дозволи повторно да работат.

Италијанската новинска агенција Анса јави дека безбедносните сили интервенирале откако демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и оти меѓу учесниците во немирите имало и членови на екстремно десничарски политички групи.

Изразувајќи солидарност со повредениот полицаец, потсекретарот во Министерството за внатрешни работи на Италија, Карло Сибилија во писмена изјава рече дека нема да се толерира никакво насилство.

Рестораните, барови и кафулињата во Италија ќе бидат затворени најмалку до крајот на април, а дозволена им е само шалтерска продажба или достава.