Зборови на осуда се испратени од директорите на Музејот во Аушвиц заради интернет продажбата на неколку производи, меѓу кои и мини здолниште, со апликација од оџаците на некогашниот нацистички концентрационен камп во Аушвиц. На мини здолништето, кое се продава по 35 долари на Ред бабл, американски сајт на независни дизајнери, е аплицирана слика од пругата преку која се носени жртвите во тој логор на смртта. Има  други производи, како на пример перница, која се продава за 34 долари.

„Навистина ли верувате може да се прифати да продавате вакви производи, како перници, мини здолништа или женски торби со слики од Аушвиц – местото на голема човечка трагедија, каде беа убиени над 1 милион луѓе“?, се наведува во реакцијата на челните луѓе на Музејот во Аушвиц.

„Вознемирувачки и изопачено“, се додава во реакцијата.