И тоа може да се случи – за време на еден говор на филипинскиот претседател Родриго Дутерте се појави неканет гостин и тоа токму на неговата блуза. Неканетиот гостин беше една поголема лебарка.

Лебарката веднаш беше забележана како лази по претседателот, а една жена со хартија се обиде да ја тргне. Дутерте потоа сам ја заврши работата.