Најмалку шест патници биле повредени при принудно слетување на авион во Гвајана.
Авионот на компанијата „Флај Џамајка“ летал кон Торонто, но по околу 20 минути лет имал проблеми со хидрауличниот систем, поради што морал да примени вонредно слетување.
Во леталото имало 120 патници, од кои шестмина биле повредени при слетувањето, но ниту еден од нив не се наоѓа во животна опасност.
Comments are closed for this post.