Според Гласот на Америка, Претставничкиот дом требало да расправа за предлог-законот за реформа на полицијата. Сепак, еден од членовите на тоа тело рече дека полициското предупредување, засновано на податоците на разузнавачките служби, претставува голем ризик и затоа плановите биле променети.
Властите велат дека екстремистите што планирале да упаднат во Конгресот ѝ припаѓаат на група поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, кои влегоа во Конгресот на 6 јануари за да ја спречат потврдата на победата на Џо Бајден на претседателските избори.
Полицијата во Капитол ги нарече групата екстремисти што планирале упад „неидентификувана милитантна група“.
Во полициското соопштение се вели дека се „воведени значителни промени и зголемени безбедносни мерки“ во Капитол, каде што се наоѓаат Претставничкиот дом и Сенатот.
Не се знае дали овие измени се воведени поради најновата закана или станува збор за мерките што се во сила по немирите на 6 јануари.
Во десничарските теории на заговор, 4 март се споменува како ден кога поранешниот претседател Трамп, поразен на изборите на 3 ноември, ќе положи заклетва за втор мандат.
Comments are closed for this post.