Кандидатот на претседателските избори во Бразил, Жаир Болсонаро, избоден со нож за време на неговата кампања.

Претседателскиот кандидат на екстремната десница избоден е помеѓу маса на луѓе во Минас Гераису на југоистокот од земјата. Осомничениот за нападот е уапсен. Врз Болсонаро е извршена операција и сега се опоравува.


Важи за контраверзен политичар, кој ја разбесна дел од јавноста со своите хомофобични и расистички ставови, но покажа и дека има голема поддршка меѓу гласачите.

Анкетите покажуваат дека токму Болсонаро би можел да ги освои изборите, доколку левичарот и поранешен претседател Луис Инасијо Лула да Силва биде исфрлен од трката. Тој беше фаворит, но во моментов е во затвор, поради обвиненија за корупција.

Повеќето ситуацијата во Бразил ја опишуваат како „надреална“. Изборите ќе се одржат во октомври, а нема сомнеж дека Болсонаро како жртва сега ќе придобие повеќе поддржувачи. Неговото главно предизборно ветување е дека ќе го спречи криминалот.