Новоизбраниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, заглавил цели три часа во авион што не можел да полета, но и покрај тоа останува на ветувањето дека ќе лета само со комерцијални авиони. Летот на  Обрадор од јужната мексиканска држава Оаксака кон главниот град, Мексико сити, бил одложен поради интензивен дожд

Левичарскиот политичар, кој убедливо победи на мексиканските претседателски избори во јули, ќе биде официјално инаугуриран во декември.

Причината за одлуката на Обрадор да лета со комерцијални летови е тоа што, како што изјави, му е срам да лета со луксузни авиони во земја со толку многу сиромашни.

Мексико има де лукс претседателски авион, Боинг 787 Дримлајнер, што вреди 218,7 милиони долари. Воздухопловот го нарача поранешниот претседател, Фелипе Калдерон во 2012 година, а во Мексико беше испорачан пред две години, кога претседател беше Енрике Пена Нието. Во тоа време, авионот беше оценет како најмодерен и најефикасен авион што го користи некој државник.

Сепак,тоа не му значи многу на Обрадор, кој победи на изборите пред се поради кампањата во која што се залагаше за поскромна Влада, која ќе ги намали трошоците.

Нема да се предомислам поради оваа случка. Доста е со тие будалаштини, готово е. Кој било политичар се однесува арогантно нема да потрае – изјави Обрадор.