Претседателот на Европскиот совет кој утре е во Скопје беше под истрага за корупција со рудници за литиум

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта кој утре е во посета на Македонија додека бил премиер на Португалија бил под истрага за корупција за литиум. Пред две години, беше покренат истрага по наводните нерегуларности направени од неговата мнозинска социјалистичка администрација во врска со проектите за истражување на рудници за литиум и водород, објави „бизнис.рс“.
Кошта тогаш си поднесе оставка веднаш а Обвинителите рекоа дека потенцијалното кривично дело е поврзано со неколку познати деловни потфати, вклучувајќи проекти за рударство на литиум, кои беа централни за долгорочните економски планови на Португалија и за снабдување со суровини за европската индустрија за електрични возила.
Извор biznis.rs
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






Comments are closed for this post.