Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го напушти самитот на лидерите на ЕУ откако дозна дека некој од нејзината канцеларија е заразен со коронавирус.
Само што ме известија дека еден член од мојата канцеларија се тестирал позитивно на ковид-19 утрово. Јас лично се тестирав и сум негативна. Сепак, како мерка на претпазливост, веднаш го напуштив Европскиот совет и отидов во самоизолација, објави на Твитер фон дер Лајен.
Лидерите на земјите-членки се собраа во Брисел попладнево на дводневен редовен есенски самит за да разговараат за односите со Велика Британија, моменталната епидемиолошка состојба во Европа, климатските цели и односите со Африка.
Comments are closed for this post.