Нунцио Галантино, кому пред 2 години му била доделена задача од папата Франциско да го централизира имотот на Ватикан, вели дека му здодеало од „сензационалистички“ приказни за папското богатство.

„Едноставно не е точно кога луѓето велат дека повеќето недвижнини во Рим им припаѓаат на Католичката црква и на Ватикан“, изјавил за АФП бизскупот, кој ја предводи Административната управа за имот на Апостолската столица (АПСА).

Размерот на имотите во Ватикан е неверојатен, а управувањето со една зграда во Лондон предизвика голем скандал во срцето на Католичката црква.

Инвестициите започнале во 1929 година кога со Латеранскиот договор на Кралството Италија и Светата Столица се формирала независна држава Ватикан. Договорот со Италија вклучувал надомест за имотот земен од поранешната папска држава.

Меѓу одземениот црковен имот се наоѓала и огромната палата Квиринале. Некогаш таму живееле триесет папи, а денес е резиденција на италијанскиот претседател.

Тогашниот папа Пиј XI одлучил да ги инвестира приходите во недвижен имот, вклучително и во странство, „за да се обезбеди слобода и независност на Црквата“, рече Галантино.

АПСА со години управувала со 737 имоти во срцето на Париз околу Булеварот Сен Мишел, градската област Одеон и Елисејските полиња, на површина од скоро 56.000 квадратни метри во вредност од околу 595,5 милиони евра.

Во Лондон имаат 27 имоти – во близина на плоштадот Сент Џејмс, Кенсингтон и улицата Бонд, со површина од околу 4600 квадратни метри, проценета на околу 108,5 милиони евра.

Во Швајцарија, особено во Женева и Лозана, Црквата поседува 140 недвижнини на површина од 16.000 квадратни метри , вредни повеќе од 91 милион евра.

Ватикан има изградено згради во Рим, претежно во двете главни улици што се поврзуваат со плоштадот Свети Петар.

Денес, АПСА е задолжена за изнајмување на 2.400 станови и 600 канцеларии и продавници во Италија, што и донеле 99 милиони евра во 2019 година.

Околу 15 проценти од нив се на слободен пазар, 30 проценти се субвенционирани закупнини, особено на вработените и пензионерите, а останатите се згради во кои се наоѓаат институциите на Ватикан или се бесплатни заеми на училишта и универзитети.

Целта на Галантин е да ја подобри „профитабилноста“ на имотот на Ватикан, истакнувајќи дека некои станови се празни, а други се трошни.

Тој вели дека е тешко да се одреди вредноста на имотот во Италија, не само затоа што зградите како базиликата Свети Петар се непроценливи, туку нивната вредност може да се протега на неколку милијарди евра само за имотот на пазарот за изнајмување.

Покрај тоа, има стотици станови управувани од министерството што ги надгледува мисионерските активности на Црквата, заработувајќи уште три до четири милијарди евра, според економскиот весник „ Il Sole 24 Ore “.

АПСА сè уште прави попис на нивните средства во Италија, а Галантино се надева дека ќе биде готов до пролет.

Папата Франциск неодамна го ставила под контрола на АПСА имотот во Лондон што моќниот државен секретаријат, централната администрација на Ватикан, го стекнала со индиректни деловни активности преку италијански посредници.

Меѓу нив е и зграда на авенијата Слоун 60, во срцето на ексклузивната област Челси во Лондон, што била купена во две фази од 2014 година.

Италијански финансиер кој дејствувал како посредник на Ватикан во зделката е уапсен минатата година под обвинение за корупција, но оттогаш бил ослободен.

Една година порано, полицијата во Ватикан изврши рација во канцелариите на Државниот секретаријат, а минатата година бил отпуштен кардиналот Анџело Бечиу, кој бил висок функционер за време на договорот.

Репутацијата на црквата исто така е нарушена откако инвестициски фонд со седиште на Малта, кој управува со друго портфолио на недвижнини во Лондон со пет луксузни апартмани, ги искористиле парите за да инвестираат во филмот „Rocketman“ за музичката sвезда Елтон Џон, инаку хомосексуалец.

Папата изјавил дека сака да се повлече од сите овие инвестиции што е можно поскоро за да се намали ризикот од нарушување на угледот на Црквата.

Скандалите со имотот не се ништо ново. Судовите во Ватикан минатиот месец го осудиле поранешниот шеф на Банката во Ватикан (ИОР) на девет години затвор за проневера и перење пари поврзани со коруптивни зделки со недвижнини.