Италија воведува полициски час на целата територија од 21:00 до наутро, потврди заменик-министерот за труд Франческа Пуљези за телевизијата „Скај ТГ 24“.
Одлуката е донесена на состанокот на владата на премиерот Џузепе Конте и таа ќе важи на целата територија.
Решено е тешката мерка, што може да предизвика социјално незадоволство, на свој грб да ја преземе централната власт, а не да преовладуваат одделни региони.
Новата мерка, која премиерот ќе му ја објасни на парламентот денес, предвидува забрана за меѓурегионални движења, а сите што по некоја причина треба да патуваат или да се на улица, мораат да имаат личен оправдан сертификат за да бидат надвор од куќата.
За жал, мораме да ја жртвуваме и директната настава и часовите ќе бидат на Интернет за сите средношколци, а се уште не е решено дали и од основните училишта ќе ги следат часовите од дома – рече Пуљези.
Исто така, новата мерка предвидува намалување на сообраќајот на градот за 50 проценти, трговските центри ќе бидат затворени за време на викендите, музеите, баровите, салите за видео игри и изложбите.
Во Италија со денови траат масовни протести поради најавата за нови мерки. Италијанците се плашат дека новите мерки ќе влијаат на нивната веќе тешка економска состојба.
Comments are closed for this post.