Рускиот претседател Владимир Путин изјави во Париз дека нормално е еден моќен економски блок како што е Европската унија да сака себеси воено да се брани.

Европа е моќен економски ентитет, моќна економска унија, и сосема е нормално што сака да биде независна, сама себеси доволна и суверена кога станува збор за одбраната и безбедноста, рече Путин.

Рускиот претседател ова го изјави два дена по твитот на американскиот претседател Доналд Трамп кој го прокоментира повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање европска војска како „многу навредлив“.

Тоа е многу навредливо, но можеби Европа треба прво да го плати својот праведен дел во НАТО, кој САД во голема мерка го субвенционираат, напиша Трамп на твитер, откако стигна во Франција.

Макрон во вторникот изјави дека на Европа и е потребна европска војска за помалку да се потпира на САД кога станува збор за одбраната.

Мора да се заштитиме од Кина, Русија и дури и САД, рече Макрон за француско радио.