Стотици лица се евакуирани поради шумските пожари, предизвикани од топлотниот бран во Австралија. Во огнената стихија уништени се најмалку четири куќи како и околу 200 хектари шуми.
Полицијата во одредени области во државата Квинсленд одеше од куќа до куќа со барање населението да се евакуира, но некои жители одбија да го сторат тоа, изјавија официјални лица.
Стотици пожарникари се во состојба на подготвеност поради очекуваните 40 степени Целзиусови и силни ветрови.
There are more than 80 wildfires burning across the state tonight. These are unprecedented and extreme conditions never before seen in Queensland. You can see the smoke right up the coast in this satellite pic taken from space yesterday and provided by @BOM_Qld. pic.twitter.com/Ixu2okotpM
— Annastacia Palaszczuk (@AnnastaciaMP) November 27, 2018
Во државата Квинсленд регистрирани се рекордни температури за ноември, а метеоролозите најавија дека топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови.
Пожарот започна во саботата и опфаќа област од 66 километри.
Comments are closed for this post.