Силни и остри реакции стигнуваат од Русија по најавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека САД ќе се повлечат од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ). Како што оценуваат руски официјални лица, таквиот едностран потег би можел да го доведе Светот на работ од војна.
Доколку повлекувањето од договорот навистина се случи, последиците може да бидат катастрофални. Западните сојузници на САД би морале да направат избор – да се одлучат за истиот пат, што може да доведе до нова војна или да застанат на страната на здравиот разум, раководејќи се од инстиктот за самоодржување. Затоа што едвај некој ќе преживее нуклеарен судир, кој се приближува по едностраната одлука на САД за Договорот – напиша фејзбук шефот на Одборот за меѓународни работи при Советот на Руската Федерација, Константин Косачев.
Тој смета дека треба да се одржат и консултации меѓу четирите нуклеарни сили, без САД, но и итно да се разговара на Конференцијата за разоружување во Женева, како и на седница на Советот за Безбедност на ОН.
Ленты новостей переполнены сюжетом «Трамп заявил о выходе США из Договора о ракетах средней и меньшей дальности».
Если…
Posted by Константин Косачев on Saturday, October 20, 2018
Со свој став за најавата од Вашингтон со огласи и заменикот-министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, кој оцени дека Договорот очигледно ги ограничува плановите на Вашингтон да оствари целосна доминација, но и дека Русија стриктно се придржува до Договорот и во повеќе наврати во изминатите години посочувала дека токму САД се тие што го прекршуваат.
Ова се обиди за ситуацијата да се прикаже дека Русија го крши Договорот. А ние не само што не го кршиме, туку и строго се придржуваме до него. Исто така, многу сме толерантни кога укажуваме на очигледните кршења на Договорот од страна на САД во изминатите години, изјави Рјабков.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД ќе се повлечат од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел, затоа што, како што рече, Москва ја прекршува спогодбата.
Русија го крши Договорот. Тие го кршат со години. САД нема да им дозволат и натаму да го кршат нуклеарниот договор, изјави Трамп.
Договорот е склучен во 1987 година меѓу САД и тогашниот Советски Сојуз, чиј правен наследник е Русија. Договорот го потпишаа тогашниот американски претседател Роналд Реган и последниот советски лидер Михаел Горбачов. Со него се предвидува забрана за производство, тестирање и распоредување на нуклеарни и конвенционални ракети со дострел од 500 до 5.500 километри што се лансираат од земја.
Трамп истакна дека овој Договор ги ограничува САД да развиваат ново оружје, па затоа Вашингтон повеќе нема да го почитува, освен ако Русија и Кина не се согласат на склучување нова спогодба со која ќе се обврзат дека нема да поседуваат или развиваат вакви ракети.
САД ја обвинуваат Русија дека со развојот на ракетниот систем 9М729 го крши ИНФ.
Comments are closed for this post.