Повеќе од 150 ученици од едно училиште за туризам во Белгија се затруле со храна, објавија медиумите во таа земја. Кај најмалку пет деца е потврдено дека биле затруени со салмонела.

Минатата недела во училиштето добиле многу извештаи за стомачни и проблеми со цревата. Потоа околу 150 ученици и наставници ги пријавиле симптомите, а бројот на пријавени секојдневно се зголемувал.

Белгиската Агенција за храна како и Федералната агенција за безбедност на храната го истражуваат случајот и ја бараат причината за епидемијата. Кујните и тоалетите биле затворени и дезинфицирани.