Танзаниските власти стравуваат од можноста да има повеќе од 200 жртви по потонувањето на брод во езерото Викторија. Досега се пронајдени четириесетина тела, а стотина патници биле спасени. Сепак, претпоставките за многу поголем број жртви доаѓа од таму што на бродот имало повеќе од 400 патници, доста повеќе од капацитетот на бродот.
Локалните рибари им се придружиле на спасувачките екипи во обид да спасат што е можно повеќемина од патниците.
BREAKING: Rescue operations underway for passengers as MV Nyerere plying between Bugorara and Ukala islands, Tanzania sinks in Lake Victoria. Scores feared dead. pic.twitter.com/HiRQjeA3QB
— The African Voice (@teddyeugene) September 20, 2018
Бродските несреќи се честа појава на езерото Викторија, каде сопствениците на бродовите не ги запазуваат стандардите за пловидба. Така на пример, во 1996 година при потонување на брод загинаа повеќе од 800 луѓе, што е една од најголемите поморски катастрофи во историјата.
16:39 Mwanza, #Tanzania. Mv Nyerere sinking in Lake Victoria, many feared dead. Was plying between Bugorora and the island of Ukala on the Lake Victoria. #MVNyerere pic.twitter.com/crxauFZyjx via @mourbay #KenyanTraffic
— KenyanTraffic (@KenyanTraffic) September 20, 2018
Comments are closed for this post.