Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж останува, поради ризик од бегство, во затвор и по истекувањето на казната која му е изречена.
Во јуни тогашниот британски министер за внатрешни раоти Саџид Џавис потпиша налог за испорачување на Асанж во САД заради обвиненија за хакерски упади. На Асанж потоа во Велика Британија му е изречена затворска казна во траење од 50 седмици бидејќи ги прекршил условите за кауција и побегна во Амбасадата на Еквадор во Лондон.
Тој од затвророт „Белмарш“ би требало да излезе на 22 септември, но на Асанж му е речено дека ќе остане зад решетки бидејќи постои основ дека повторно ќе избега. Основачот на „Викиликс“ по пат на видео врска се појави во судница во Лондон. На прашањето на судијата дали разбира што му е кажано тој одговори одречно, но дека адвокатите ќе му објаснат. Конечното рочиште за испорачување на Асанж ќе биде одржано во февруари.
Асанж во Амбасадата на Еквадор влезе во 2012 година како би избегнал екстрадиција во Шведска, каде беше баран под обвинение за сексуален напад. Тој помина во Амбасадата на Еквадор речиси седум години, но полицијата го извлече откако Еквадор му го укина политичкиот азил.
Comments are closed for this post.