Властите во Јужна Кореја почнаа со уривање на најголемата кланица за кучиња, што се наоѓа во јужното предградие на Сеул и којашто ја снабдува целата земја со кучешко месо.

Кучешкото месо е дел од националната кујна во Јужна Кореја, каде што годишно се јадат околу половина милион кучиња.

Сепак, сѐ повеќе Корејци го гледаат кучето како милениче и пријател, а не како домашно животно што се чува за прехрана.

Комплексот на кланицата би требало да биде урнат за два дена, а на негово место ќе биде уреден парк.