Во рамки на акцијата „Кнобил“, според пишувањето на дневникот Блик, полицијата на Швајцарија четири дена, во цивилка, во австриската покраина Форарлберг ги шпионирале своите граѓани.
Причина за акцијата, со која не биле запознаени австриските власти, е што во таа покраина се наоѓаат повеќе погони и продавници во кои потполно легално се продава коноп, како и опрема за одгледување канабис.
Во Швајцарија увозот на одредени проиводи од коноп е забранет.
Швајцарските полицајци ги шпионирале муштериите од Швајцарија во продавниците во Австрија, запишувајќи ги регистарските ознаки кои ги вметнувале во систем, со цел следените автомобили да бидат запрени на граница.
Австрија ништо не знаела за акцијата на швајцарската полиција, а не би ја ни одобрила, бидејќи швајцарските купувачи во споменатите продавници не го кршеле законот.
Целата акција, која го добила предзнакот тајна, исплива на површина бидејќи еден полицаец на границата е сопрен со семки од коноп скриени во неговиот автомобил.
Comments are closed for this post.