Затворениот поранешен генерал на руските безбедносни служби, кој наводно знаел за изградбата на црноморската резиденција на претседателот Владимир Путин, починал во притвор, јавува државната новинска агенција РИА Новости.

На генерал Генади Лопирев, кој беше осуден за поткуп во 2017 година и одлежа повеќе од девет години во поправната колонија бр. 3 во централниот регион Рјазан, „одеднаш му се слоши“ и беше испратен во локална болница каде што почина на 16 август, пренесува РИА.

Според државната новинска агенција ТАСС, Лопирев бил осуден за примање мито „во вкупен износ од околу седум милиони рубљи (околу 74 илјади долари), пренесува Си-Ен-Ен.

Лопирев беше осуден и за нелегално поседување пиштол и муниција, соопшти РИА, иако тие пресуди беа поништени по жалбата.

Генералот секогаш тврдеше дека е невин по сите обвиненија.

Цитирајќи го адвокатот на Лопирев, Руслан Закаљужни, руската новинска агенција РБЦ за време на судењето објави дека судот го прогласил Лопирев за виновен за „финансиска измама во врска со потпишувањето на договор за поправка на инженерските комуникации“ на летната резиденција на Путин во Сочи.

Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон ја нарече неговата смрт „сомнителна“ и рече дека нивниот „инсајдерски извор тврди дека Лопирев е „чувар на тајните“ поврзани со изградбата на резиденцијата на претседателот Путин во Црното Море