Децата на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, од Ријад добија големо обесштетување.
Според информациите на „Вашингтон пост“ за кого пишуваше Кашоги, тие ќе добијат куќи во саудискиот град Џеда, а секоја од нив чини по 4 милиони долари.
Исто така, секое од четирите деца ќе добива и по над 10.000 долари месечно.
Откако го негираше убиството, Ријад на крајот призна дека станува збор за операција, што излегла вон контрола.
Comments are closed for this post.