Се проценува дека промената на имињата и прераспределбата на надлежностите на неколкуте министерства во владата на Холандија, земјата ќе ја чинат околу 31,7 милиони евра. Проценката ја направиле самите министерства.

Најмногу пари од буџетот ќе се издвојат за министерствата за земјоделство, природа и управување и за квалитет на храната – вкупно 26,3 милиони евра, објави денес холандскиот јавен сервис НОС.

Промената на името на Министерствотото за правда во Министерство за правда и безбедност ќе чини 2 милиони евра.

Инаку, откако дојде на власт третиот кабинет на Марк Руте беа направени неколку внатрешни промени на министерствата. На пример Министерството за економски прашања (во кое беше и земјоделствотото) стана Министерство за економија и за клима.