Нема да има разговори меѓу двете Кореи доколку Јужна Кореја и САД не ги прекинат заедничките воени вежби, изјави денеска официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, Квон Џонг-гун.
Тој оцени дека Јужна Кореја „зборува глупости“ кога го повикува својот северен сосед да ги запре ракетните тестирања, за кои рече дека претставуваат право на самоодбрана.
„Бидејќи воените вежби нè ставаат во концептот на непријател, тие треба да знаат дека ќе биде тешко да се воспостават меѓукорејски контакти, освен ако не престанат со воените вежби или пред да се претстават веродостојна и искрена причина за нивно одржување, рече Квон.
Comments are closed for this post.