Русија претставува закана за Чешката Република, но и за целата ЕУ, изјави новиот чешки министер за надворешни работи Томаш Петричек.
Според мене, Русија претставува опасност, особено поради ширењето дезинформации и применувањето на различни хибридни закани. Ситуацијата нема да се реши со никакво натамошно протерување на руски дипломати, туку треба да се зајакне стратегиската комуникација и способност да се бориме со дезинформации во рамки на целата Европска унија – истакна Петричек.
Петричек се повикува на податоци на чешкото контраразузнавање за зајакнување на руската активност на чешка територија. Шефот на разузнавањето, Михал Ковделка неодамна изјави дека „целта на руските специјални служби е уништување на на НАТО и ЕУ“.
Comments are closed for this post.