Како во холивудски филм – цел град во австралиската држава Викторија беше проголтан од песочна бура која траеше четири часа.

Видеата објавени на социјалните мрежи прикажуваат како градот Милдура, во северозападна Викторија, е буквално проголтан од песочната бура која се појавила како резултат на долготрајната суша.

Ветерот кој дувал на моменти и до 80 километри на час кренал огромен облак прашина и за момент попладнето го претворил во ноќ.

Авиотранспортот бил запрен три часа затоа што видливоста била буквално нула.