Британската премиерка Тереза Меј останува при својата одлука да поднесе оставка откако ќе заврши „првата фаза“ за Брегзит, со цел да му отвори пат на новиот лидер да преговара за втората фаза за излез од Унијата, изјави денеска нејзиниот портпарол.

Премиерката даде многу добронамерна и храбра понуда до комитетот 1922 (влијателна конзервативна група) пред неколку недели да ја набљудува првата фаза за Брегзит и потоа ќе замине и ќе овозможи смена на ново раководство во втората фаза, истакна портпаролот.

Тој нагласи дека „Меј сака да го одработи Брегзит“.