Најновата студија на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Парламентарното собрание на советот на Европа (ПССЕ) покажува дека на широко е распротанет сексизмот, секуалното злотавување и насилство над жени во парламентите ширум Европа, соопшти денека ПССЕ
Утврдено е дека 85% од пратениците претрпеле психолошко насилство во парламентот, дека жените под 40 години се мета на веројатно злоставување, потоа дека женскиот персонал во парламентот е значително повеќе на удар отколку парламентарците, како и дека повеќето парламенти немаат механизам кој би овозможил жените да проговорат, се наведува во соопштението.
Студијата е базирана на интервју со 123 жени од 45 европски држави, од кои 81 се пратенички, а 42 припаднички се дел од парламентарниот перонал.
Оваа студија ги потврди резултатите од студијата на ИПУ од 2016 година во која е откриено широко распростането насилство по основ на половата припадност.
Претседателката на ПССЕ Лилијан Мори Паскје истакна дека „студијата за жал, ја покажува тажната реалност“.
Се додека постои нееднаквост меѓу мажот и жената, жената нема да биде безбедна кога станува збор за насилство и вознемирување. Ние, жените и машки во политиката, го имаме механизмот во рацете кој може да ги придвижи промените: Истанбулската конвенција, која е правен инструмент со цел да спречи, заштити, судски да прогонува и над се да го прекине сексистичкиот модел, наведува Лилијан Мори Паскје.
Загриженост заради резултатите изнесе и претседателката на ИПУ Габриела Куевас, која рече дека резултатите покажуваат дека проблемот со сексуалното вознемирување во парламентите е полош од тоа што се мислело.
Од испитаните жени 47% рекле дека добивале закани со смрт, силување или претепување, 68% биле на мета на секситички коментари поврзани со нивниот физички изглед, додека 25% рекле дека претрпеле претрпеле сексуално вознемирување.
Comments are closed for this post.