Четворица загинаа, од кои двајца пожарникари , најмалку 36 лица се повредени од кои 12 со критични повреди, во големата експлозија што утрово го потресе центарот на Париз.

Причина за експлозијата е неисправна инсталација за плин во пекарницата на приземје на зградата во улицата Терзин во центарот на градот. Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане изјави дека ситуацијата е под контрола.