Папата Франциско ја прифати оставката од кардиналот Доналд Верл од местото надбискуп на Вашингтон, откако тој ја изгуби поддршката од голем број луѓе во својата заедница поради вмешаност во два големи скандала со сексуално злоставување и обид за прикривање на злосторството.
JUST IN: Pope Francis accepts the resignation of D.C. Cardinal Wuerl, 2 months after a report claimed the powerful American archbishop allowed priests accused of child sex abuse to be reinstated or reassigned. https://t.co/XNvd78Zwrx
— NBC News (@NBCNews) October 12, 2018
Во соопштението од Ватикан се наведува дека папата Франциско ја прифати оставката на Верл, но не наведе кој ќе го замени.
Верл (77), кој беше надбискуп на Питсбург од 1988 до 2006 година критикуван е поради начинот на кој постапуваше во случаите на сексуално злоставување.
Тој ќе ја задржи титулата кардинал.
Comments are closed for this post.