Десетици Палестинци протестираа поради доаѓањето на ерусалимскиот патријарх, Теофил трети, на прославата на паравославниот Божиќ во Витлеем на Западниот Брег.
Тие извикуваа „предавник“ додека патријархот, под силно обезбедување се приближуваше до Црквата на раѓањето, подигната на местото каде што, според христијанското верување, бил роден Исус.
Палестинците бараат патријархот да поднесе оставка поради продажба на црковно земјиште на Израелците, а слични протести имаше и минатата година за време на прославата на Божиќ.
Грчката православна црква е еден од најголемите сопственици на недвижности во Светата земја. Во неа доминира грчкото свештенство, но верниците претежно се Палестинци.
Еруслимската патријаршија го слави Божиќ на 7. јануари.
Comments are closed for this post.