Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо вети дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да почне нови протести против претседателот Николас Мадуро.

Гваидо оваа порака ја испрати од Колумбија, по состанокот со регионални дипломати и американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Тој рече дека наредните денови ќе го објави датумот кога ќе се врати, као и акциите со цел добивање поддршка меѓу венецуелските воени и државни функционери.

Повеќе од 50 земји во светот до сега го признаа Гваидо како привремен претседател на Венецуела.