Иако веднаш по катастрофата во Чернобил, целиот реон веднаш бил евакуиран, некои од жителите одбивале да ги напуштат родните огништа. Една од нив е Валентина, која со својот сопруг останале да живеат во Припјат.

Таа е поранешна медицинска сестра и била добро запозната со опасностите да се биде во контаминираната зона.

Дедото починал пред неколку години од природна смрт по 40 години брак. Сега Валентина е сама и времето го минува со животните, лови риби и собира билки.