Американската телевизија „Јунивижн“ соопшти дека нејзиниот тим кратко се задржал во претседателската палата во Венецуела каде разговарале со претседателот Николас Мадуро.

Инцидентот се случил откако наградуваниот новинар Хорхе Рамос му покажал на Мадуро видео снимка од државјани на Венецуела како се хранат од камион за ѓубре, известува мрежата.

Новинарот Хорхе Рамос во 2015 година беше исфрлен од конференција за новинари на тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп

Опремата на шестчлената екипа е конфискувана. Министерот за информирање на Венецуела Хорхе Родригез изјави дека владата поздравила стотина новинари, но дека не поддржува „ефтини емисии“.

„Јунивижн“ е водечка ТВ мрежа на шпански јазик во САД, велат дека шесточлената екипа е пуштена по три часа задржување, а дека нивните снимки и лични работи не им се вратени.

Ова е снимката која му е покажана на Мадуро.


Зборувајќи за „Јунивижн“ Рамос рече дека на Мадуро „не му се допаднале“ некои прашања за „недостатокот на демократијата во Венецуела“, мачењето, политичките затвореници и хуманитарната криза“.

„Се исправи откако му ги покажав видео снимките на млади луѓе кои се хранат од камион за ѓубре. Тоа што му го кажав на Мадуро е дека милиони државјани и многу влади ширум светот не го сметаат за легитимен претседател, туку диктатор“, рече во интервју во палатата Мирафлорес во главниот град Каракас.

Екипата на „Унивизион“ ќе биде депортирана во вторник, пренесува агенцијата Ројтерс.

Хорхе Рамос е американски новинар роден во Мексико. Познат е по својот конфротациски стил на испрашување. Во 2015 година исфрлен е од конференција за новинари на тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп.