Aртем Рјабчук е украинскиот војник кој уби петмина чувари во фабрика за оружје. По нападот тој избегал во блиската шума каде е упасен. Кај себе имаш Калашников и 200 куршуми
Истрагата најпрво ќе се соочи со прашањето – кој бил мотивот за извршување на вакво страшно злосторство? Ќе се проучи прашањето дали војникот се соочил со психолошки притисок во тимот, изјави заменик министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.
Тој рече дека ќе се испита како војникот Артем Рјабчук ја поминал лекарската комисија, која му овозможила пристап до оружје.
– Во секој случај ќе се соочи со најстрога казна за масовно убиство, рече Герашченко.
Украинските служби потврдија дека напаѓачот не бил следен и дека ништо не навестувало дека има психички проблеми. Тој одлежа само три месеци и има 21 година.
Comments are closed for this post.