Еден од најсмртоносните снајперисти во светот  се приклучува на борбите во Украина, откако одговори на повикот на украинскиот претседател.

Канадскиот стрелец, познат само по прекарот Вали, потекнува од елитниот 22-ри кралски канадски полк и има претходно борбено искуство од конфликтот во Кандахар за време на војната во Авганистан помеѓу 2009 и 2011 година, пренесува „Дејли Меил“.

Тој има искуство во борбите против Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ).

Вали кој ќе ги  остави сопругата и едногодишниот син дома, го повика својот пријател кој му помага да се организираат „неутрални конвои со хуманитарна помош“ во окупираниот регион Донбас во југоисточна Украина.

Тој го опиша моментот кога одговорил на поканата да им се придружи на украинските доброволни сили како кога „аларм звони кај пожарникар“.

Воли работи како компјутерски програмер во Канада. Сега, сепак, тој се подготвува да се бори против руските војници на локација во Украина, оддалечена речиси 8.000 километри.