Во предградието на Москва, на аеродромот Жуковски, се меша галамата од посетителите и звукот на моторите. Започна Меѓународниот саем за авијација и вселенски истражувања – „Макс 2019“.
Саемот го посетија рускиот претседател Владимир Путин и турскиот колега Рееп Таип Ердоган.
На изложбата која ќе трае од 27 август до први септември ќе учествуваат преку 800 компании од 33 земји. Својата премиера ќе ја има рускиот патнички авион МС-21, како и лесниот повеќенаменски МАИ-411 и воено-транспортниот „лијушин“.
Comments are closed for this post.