Откриена е црната кутија на индонезискиот авион кој се урна во понеделникот во Јаванското Море, јавуваат индонезиските медиуми.
Уредот бил пронајден од нуркачи на дното на морето, на длабочина од 30 метри. Црната кутија е во добра состојба, објави „Метро ТВ“.
Авионот на „Лајон Ер“ се урна во морето во понеделникот, 13 минути откако полета од мународниот аеродром во Џакарта. Сите 181 патници и осумчлениот екипаж загинаа.
Comments are closed for this post.