Германската Влада донесе одлука за зголемување на минималниот надомест за еден час работа, кој од почетокот на следната година ќе изнесува 9,19 евра.

Со ваквата одлука на Владата, делумно се прифати барањето на министерот за финансии, Олаф Шолц, кој побара „минималецот“ да изнесува 12 евра.

Мислам дека минималната саатница од 12 евра во целост е соодветна – напиша Социјал-демократот Шолц во текст објавен во весникот „Билд“, притоа советувајќи ги германските работодавачи „да не штедат на плати“.

Германската Влада автоматски го зголемува минималниот надомест по препораки на Комисијата за минимална сатница во која се претставници на работодавачи и синдикати.

Од 1 јануари 2020 година  минималниот надомест би требало повторно да се зголеми на 9,35 евра.