Кипар е во шок, а во тек е голема полициска истрага по тела на најверојатно жертви на масовниот убиец „Орест“, односно Никос Метаксас, 35-годишен капетан од Националната гарда. Шефот на полицијата изјави дека најверојатно не станува збор за една или две жертви, туку за многу повеќе.

Засега полицијата откри две тела, а „Орест“ ги признал убиствата.

Од денес рано изутрина кипарските власти се на терен на езерото Меи во Ксилатос, чија длабочина изнесува 130 метри. Тие се сомневаат дека можат да откријат нови тела зашто на безбедносни камери се фатени силуети во движење.

Двете жртви се Филипинки, 38-годишната Меру Роуз и 28-годипната Аријана Призиен Лохано, а полицијата е во потрагата по телото на едно шестодишно девојче.

Во меѓу време новинар на Сигма изрази сомнеж за можна поврзаност на серискиот убиец со исчезнатите 22 Филипинки за чија судбина ништо не се знае.

„Исчезнаа 22 девојки, за кои полицијата ништо не направи“, изјави Луис Кутрокидес од една кипарска невладина организација, мислејќи на исчезнатите девојки кои се случиле во последните 3-4 години.

Притоа тој ја обвини полицијата дека не сака да ги расчисти случаите заради бојата на кожата.